Нема крај на лошите вести кога станува збор за Македонија. После нецели 20. минути игра од дуелот меѓу Словенија и Македонија во Копер се повреди Марко Митев. Еден од најдобрите македонски репрезентативци најверојатно го повреди коленото, до овој пех дојде без контакт со некој од противничките играчи.
Митев лежеше на теренот во голема болка, по што мораше да биде изнесен на носилки. Во текот на денот ќе биде позната сериозноста на повреда на Митев, што пак не само што е голем хендикеп за Македонија, туку и за Алкалоид.
Македонската ракометна репрезентација го игра најтешкиот меч во својата историја, ЕХФ не дозволи одложување на дуелот во Копер и покрај големата трагедија која и се случи на нашата земја.