Марк Маркез триумфираше и на трката за ГН на Аргентина

85

Возачот на Дукати, Марк Маркез го задржа максималниот скор оваа сезона во Мото ГП шампионатот, откако денес беше првопласиран и на трката за големата награда на Аргентина. Маркез исто така беше и прв на вчерашната спринт трка која се одржа во Аргентина.

Маркез ја забележа 90-тата победа во својата кариера и се изедначи со Анхел Нијет на листата на најдобри возачи на сите времиња. Пред Маркез се наоѓаат само Валентино Роси со 115 победи и легендарниот Џакомо Агостини кој има 122 победи. На второто место на денешната трка заврши Алекс Маркез, а на третото место се најде Франко Морбидели.

ПретходноГостивар обвинува за саботажа: Во Кавадарци бевме затруени со храна
СледноЃоковиќ изрази сочуство за трагедијата која ја потресе Македонија (ФОТО)