Траорно е денеска во жална Македонија. На никого не му е до ништо по страшната трагедија која утринава се случи во Кочани. Како што е познато, меѓу починатите е и Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи и некогашен младински репрезентативец на Македонија, кој само на 25 години денеска во болницата во Штип им подлегна на повредите.
По ова сите клубови во Македонија, некогашните екипи од Хрватска каде што играше тој, како и голем број наши фудбалери на своите социјални мрежи се простуваат од Андреј.
Меѓу првите тоа го сторија Бојан Миовски, Алекс Трајковски, Никола Серафимов…