“Новак, бруко една“: Медиумите во Србија удрија по Ѓоковиќ зошто ги поддржа студентските протести во Белград! (ФОТО)

1009

И дефинитивно властите во Србија, се разбира преку медиумите и тоа како удрија по Новак Ѓоковиќ. По човекот во кој до вчера се “крстеа“, по човекот, и според нив, до вчера беше најголемиот Србин во историјата.

А за ова причината е јасна. Имено за време на вчерашните протести во Белград од страна на студентите, најдобриот тенисер во историјата во неколку наврати на своите социјални мрежи споделуваше фотографии од величенствениот настан и со тоа им ја даде поддршката на студентите и не заборави да напише: Историја! Србија! Величенствено“ воодушевен од она што се случуваше на улиците во Белград.

Можеше да се очекува што ќе следува.
Јасно е дека на некого тие пораки не му се допаднаа, и жестоко и брутално удри по најголемиот Србин во историјата…

Новак, бруко една….“ беа само дел од насловите во медиумите во Србија кои го поддржуваат Александар Вучиќ.

ПретходноШкупи со огласи за состојбата на фудбалерот: Андреј е на интезивна нега, но надвор од животна опасност!
СледноЕХФ не дозволи одложување на мечот Словенија – Македонија!