Ракометарите ќе го играат најтешкиот меч во македонската историја!

1078

Македонската ракометна репрезентација денеска (18:30 часот) во Копер го игра реванш мечот против Словенија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.

Ова ќе биде најтешкиот дуел за националната селекција во историјата, истиот се игра на денот кога на Македонија и се случи најголемата трагедија, во пожар во дискотека во Кочани загнаа животите на 51 младо лице, а над 100-на се повредени.

Ракометарите ќе мора да смогнат сили и да одиграат добар меч, во чест на сите млади лица кои животот го загубија несреќно. Дуелот во Копер ќе започне со едноминутно молчење, а на дресовите нашите репрезентативци ќе носат црни летни.

Домаќинот, Словенија пред неколку дена извести дека салата е распродадена, мечот ќе се игра пред полни трибини, домќинот со победа ќе стави печат на пласманот на ЕП 2026.

Во Скопје на дело се покажа дека противникот и без неколку ѕвезди во составот е силен, бидејќи сите ракометари играат во европски тимови и во европски клупски натпреварувања.

Македонија на оваа средба беше рамноправен противник едно полувреме, поточно до 21-та минута водеше со шест гола разлика, а потоа неколку судиски одлуки ја вратија Словенија која доминираше во второто полувреме.

Селекторот, Кирил Лазаров направи една измена, на голот ќе биде Иван Галевски на местото на Марко Кизиќ.

Нашата репрезентација по првите три кола има победа против Естонија на домашен терен, и два порази од Словенија дома и Литванија на гости. Своето место на ново големо натпреварување доколку не успее да приреди чудо денеска ќе го „брка“ во последните две кола кога гостува на Естонија, а потоа ја пречекува Литванија.

ПретходноФК Тиквеш: Јавно го поддржуваме новото раководство на ФФМ да ги санкционира сите девијантни појави!
СледноГвардиола: Ни остануваат уште девет финалиња