Рома ја продолжи победничката серија во италијанското првенство. Денеска на натпреварот од 29. коло, Рома го совлада Каљари со 1:0, па сега се проби на седмото место на табелата со 49 бодови, додека Каљари остана на 15. позиција со 26 бодови.
Рома поведе во 62. минута со голот на Довбик, кој ја искористи шансата од четири-пет метри и ја испрати топката во мрежата на гостите.
Пех за домашните е повредата на Пауло Дибала, кој се пожали на болка во тетивата, неполни десет минути по влегувањето во игра и мораше предвреме да го заврши мечот.