Македонската ракометна репрезентација денеска (18:30 часот) во Копер ќе го одигра најтешкиот меч во својата историја. Иако од РФМ испратија барање до ЕХФ да го одложи мечот со Словенија поради големата трагедија која се случи во Кочани, сепак добија негативен одговор, нашите момци мора да излезат на терен и да одиграат за младите згаснати животи во пожарот дискотеката „Пулс“.
Во Копер веќе има македонски навивачи, тие од овој град испратија сочувство до семејствата кои останаа без своите најмили, пред мечот со минута молк оддадоа почит кон сите загинати.
Македонската ракометна репрезентација мора да го одигра мечот со Словенија бидејќи спротивно според регулативите на ЕХФ ќе значи дисквалификација, поништување на сите резултати во актуелните квалификации, а би се соочила и со евентуална суспензија и во наредните две години.