Трапановски постигна гол за Данди Ј. и погледна кон небото!

294

Македонскиот репрезентативец Кристијан Трапановски го постигна вториот гол во тековната сезона во шкотската Премиерлига. Денеска на градското дерби со Данди, неговиот Данди Јунајтед загуби со 4:2, а Трапановски го постигна вториот гол за својот тим.

По трагедијата во Кочани, Трапановски настапи со црн флор на ракавот, а по постигнувањето на голот погледна кон небото со молитва за жртвите на ужасната трагедија која ја снајде нашата земја.

 

ПретходноТага и жал за трагично загинатите, македонските фанови со порака од Копер!
СледноВо трагедијата во Кочани згасна животот и на младиот 18-годишен голман Дамјан Танески