Страшно. Ужасно. Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи почина во болницата во Штип каде беше пренесен утринава по трагедијата во Кочани. Лазаров имаше само 25 години. Тој како вистински херој ги спасувал животите во запалената дискотека, немал потешки изгореници ама вдишувал од чадот што бил присутен во просторијата и тоа било пресудно.
Фудбалска Македонија жали за својот Лазаров, за младиот фудбалер на Шкупи.
“СпортСпорт“ изразува длабоко сочуство до неговото семејство.
Инаку Лазаров низ својата кариера играше за Металург, Работнички, Тиквеш, Рудеш, Горица и Шкупи.