ФК Тиквеш: Јавно го поддржуваме новото раководство на ФФМ да ги санкционира сите девијантни појави!

356

По она што се случи вчера во Кавадарци, на мечот меѓу Тиквеш и Гостивар, на кој победа славеа домашните со 2:1, прво се огласи гостинскиот тим. Потоа и кавадарчани имаа што да кажат. Да кажеме и тоа дека за време на овој меч, а посебно по завршувањето се случуваше хаос.May be an image of text

Соопштението на ФК Тиквеш ви го презентираме во целост:

СООПШТЕНИЕ

Во врска со денешните случувања на натпреварот од 24 коло кој го одигравме на домашен терен, го споделуваме следното:

1. Фудбалот е спорт во кој на крајот на натпреварот има победници и поразени.

2. Натпревар не се добива по моменталниот ранг на табелата или по тоа кој финансира во клубот.

3. Јавно го подржуваме новото раководртво на ФФМ да ги санкционира сите девијантни и неспортстки однесувања на фудбалките терени, посебно на службените лица на екипите.

4. ГФК Тиквеш не го заслужува моменталниот пласман на табелата, кој за жал од оправдани причини е реалност, но ние како раководство секогаш одговорноста ја бараме во нашата игра и нашиот тим, а не во судиите, службените лица и противниците.

5. ГФК ТИКВЕШ ЌЕ ОСТАНЕ СТАБИЛЕН ПРВОЛИГАШ УШТЕ ДОЛГИ ГОДИНИ ВО МАК ФУДБАЛОТ, БИДЕЈЌИ КЛУБОТ ОД НЕГОВОТО СОЗДАВАЊЕ ФУНКЦИОНИРА ЧЕСНО И ПОШТЕНО !

ГФК ТИКВЕШ 1930 – Кавадарци

ПретходноФК Гостивар по вчерашните настани во Кавадарци:Нема да учествуваме во лига без правда!
СледноРакометарите ќе го играат најтешкиот меч во македонската историја!