Шкупи со огласи за состојбата на фудбалерот: Андреј е на интезивна нега, но надвор од животна опасност!

371

Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи е еден од младите лица кои синоќа беа во дискотеката во Кочани која се запали. Во најголемата трагедија која ја погоди цела Македонија живтото го загубија 51. лице, а над 100 се повредени.

Утринава преку социјалните мрежи бараа информации за Лазаров, кој на голема среќа е во стабилна здравствена состојба, иако се наоѓа на интезивна нега во болница во Штип.

„Најпрво ве известуваме дека нашиот фудбалер Андреј Лазаров е надвор од животна опасност, иако се наоѓа на интензивна нега, откако се здоби со изгореници на делови од телото во пожарот и големата трагедија што се случи во текот на ноќта во Кочаин. Оваа информација ја потврдивме откако контактиравме со неговото семејство и роднините. На Андреј му посакуваме брзо закрепнување и враќање меѓу нас.
Во ова тешко време, изразуваме најдлабоко сочувство за сите 51 загинати животи во оваа трагедија. Нашите срца се со семејствата на жртвите и со целата наша земја.
Се надеваме дека вакви трагедии никогаш повеќе нема да се повторат“, соопштија од Шкупи.  

ПретходноАлкараз не го криеше разочарувањето по елиминацијата: Ова боли!
Следно“Новак, бруко една“: Медиумите во Србија удрија по Ѓоковиќ зошто ги поддржа студентските протести во Белград! (ФОТО)