Дебитантот на најслабиот тим во лигата против Јокиќ одигра меч на кариерата (ВИДЕО)

440

Денвер Нагетс беше совладан од Вашингтон, тим кој со скор од 15 победи и 51 пораз е на последното место во Источната конференција и го дели најлошиот рекорд со Јута Џез оваа сезона. Дуелот заврши со 126-123 во корис на Визардс, откако Џордан Пул постигна тројка на 1,8 секунди до крајот за победа на гостите.

Пул постигна 19 поени и имаше шест асистенции, а исто толку поени, заедно со седум скока и пет асистенции, за Визардс постигна и Џорџ. Она што се пишува во извештаите од натпреварите е мечот на кариерата на Алекс Саро.

Дебитантот, кој беше избран како втор во генералниот пласман од Визардс на минатогодишниот драфт, блескаше во директната пресметка со Никола Јокиќ. Србинот беше одличен со 40 поени, 13 скока и девет асистенции, но не беше доволно добар во дефанзивниот дел од играта.

Ова резултираше со тоа што Саро против него постигна 34 поени, шест скока и пет асистенции. Претходниот офанзивен рекорд на 19-годишниот центар во кариерата беше 22 поени. До 34 поени стигна со 12/28 од поле и 5/5 од линијата за слободни фрлања.

Детроит Пистонс – Оклахома Сити Тандер 107:113
Хјустон Рокетс – Чикаго Булс 117:114
Мемфис Гризлис – Мајами Хит 125:91
Милвоки Бакс – Индијана Пејсерс 125:119
Голден Стејт Вориорс – Њујорк Никс 97:94
Сан Антонио Спарс – Њу Орлеанс Пеликанс 119:115.

ПретходноЛандо Норис во драматичен финиш до победа во Австралија!
СледноПо страшната трагедија во Кочани: ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции!