Повремениот македонски фудбалски репрезентативец Љупче Дориев постигна два гола за екипата на Согдиана во првенството на Узбекистан, но неговиот тим на крајот претрпе пораз.
Во меч од 2. коло во новата сезона, Согдиана на домашен терен загуби со 2:3 од екипата на Навбахор, а Дориев практично сам ги одржуваше домашните во игра. Првиот гол го постигна во 14. минута кога израмни на 1:1, а потоа и во 76. минута кога повторно израмни, сега на 2:2.