И покрај тоа што РФМ и официјално побара одложување на денешната средба во Копер, поради страшната трагедија која и се случи на Македонија, сепак ЕХФ не дозволи такво нешто.
Па така мечот меѓу Словенија и Македонија во рамките на квалфикациите за ЕП 2026, сепак ќе се одигра денеска со почеток во 18:30.
Истиот ќе започне со една минута молк во чест на настраданите во Кочани.