По страшната трагедија во Кочани каде се запали дискотека и каде официјално загсна 51 млад живот, а над 100 се повредени, дел од родителите, пријателите и блиските лица на децата кои биле на концертот од рано наутро по социјалните мрежи бараат информации.
Еден од нив беше фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров. Во нашата редакција стигна порака дека младиот фудбалер е во болница во Штип и е во добра здравствена состојба. Му посакуваме брзо закрепнување и враќање на терените.
Македонија е завиена во црно. Нема утеха за она што се случи во Кочани. Ова е најголемата трагедија која до сега се има случено во нашата земја.