Македонија е завиено во црно по големата трагедија во Кочани. Во овој град рано наутро за време на концерт се запали дискотека и според првичните проценки на екипите за спасување загинати се над 50 лица.
ФФМ веднаш се огласи и ги одложи сите натпревари кои се закажани за денеска, а додека од Владата на Македонија, веќе ги одложија сите активности. Денеска нема да се одржи ниту еден настан, ова значи дека се одложени и останатите спортски натпревари во останатите спортови.
Македонија е во длабока тага, на социјалните мрежи родителите ги бараат своите деца кои биле во дискотеката во Кочани.
Не постои утеха во овои моменти. Нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите.
Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.