Гасперини: Судијата го уништи мечот

142

Екипата на Аталанта синоќа во дербито од Серија А колото, загуби на свој терен од Интер со 0:2. Домаќините, особено тренерот Џан Пјеро Гасперини е гневен на арбитарот на мечот, затоа што во 81. минута од мечот, го исклучи Едерсон со два последователни жолти картони, со што според искусниот стратег, директно влијаел на завршницата на дуелот. Во тој момент резултатот беше 0:1, а до крајот Интер постигна уште еден гол. Гасперини исто така доби исклучување.

“Судијата отиде предалеку во оваа ситуација. Едерсон е фер играч. Вистина е дека згреши со аплаузот, но судијата го уништи натпреварот. Има гестикулации и зборови кои се многу полоши од ироничен аплауз. После тоа, натпреварот се распадна, штета. Беше добар натпревар помеѓу првиот и третиот на табелата“ – изјави Гасперини.

 

ПретходноАморим: Заслужена победа, паузата ќе биде добра за нас
СледноМладата репрезентација пристигна во Анталија за дуелите со Белорусија и Азербејџан