Далас Маверикс ја испратија својата сегашна прва ѕвезда Ентони Дејвис во Г-лигата, во тимот на Тексас Леџендс, за да се рехабилитира од повредата.
Дејвис доживеа повреда на мускулот на 8 февруари во неговиот прв натпревар за Далас откако беше трејдуван од Лос Анџелес Лејкерс. Според инсајдерот во НБА, Марк Стајн, Дејвис ќе започне со тренинзи со тимот на Г-лигата овој понеделник, бидејќи сака да се врати на теренот пред крајот на сезоната.
Сепак, останува да се види дали тој навистина ќе се врати, бидејќи постои загриженост за ризикот од повторна повреда. Шамс Шаранија од ESPN претходно објави дека Дејвис и неговите претставници размислуваат да го „затворат“ до крајот на сезоната откако Кајри Ирвинг ги повреди лигаментите.