Селекторот Благоја Милевски денеска точно во 13:00 часот во базата во Хотел Хилтон означи старт на подготовките за квалификациските дуели од Мундијалските квалификации против Лихтенштајн на 22. март на гости односно на 25. март во Скопје против селекцијата на Велс.
Во мирна и тиха атмостфера како што доликува на трагичните моменти во кои поминува нашата држава, по повод трагедијата која што се случи во Кочани, нашите репрезентативци го означија стартот на новата кампања.
Од Фудбалската Федерација на Македонија ја замолија јавноста за дискреција односно, репрезентативците и стручниот штаб да бидат поштедени од изјави и комуникација со новинарите од разбирливи причини.
Ние секако ќе ја испочитуваме оваа молба и во следните денови до терминот на одигрување на мечевите ќе се водиме по насоките на раководните структури на Федерацијата.