Синот на поранешниот репрезентативец на Англија, Џејми Карагер, Џејмс, го доби првиот повик во националниот тим. Сепак, тој нема да игра за Англија, туку за Малта.
Џејмс Карагер игра на клупско ниво за Виган во Третата лига. Неговиот дедо има малтешки корени, а 22-годишниот дефанзивец неодамна доби државјанство. Карагер е вклучен во тимот на Малта за квалификациите за Светското првенство против Финска и Полска, на кои ќе дебитира и новиот селектор Емилио Де Лео.
Карагер ја започна својата кариера во академијата на Ливерпул, но ја напушти во 2017 година и се приклучи на академијата на Виган. Тој дебитираше за тимот во 2021 година и досега одигра 23 натпревари, постигнувајќи еден гол и асистенција.
Неговиот татко исто така се вика Џејмс, но на целиот свет му е познат како Џејми.