Аргентина без Меси за дуелите со Уругвај и Бразил

46

Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси не е вклучен во составот на Аргентина за квалификациските средби за Светското првенство во 2026 година против Уругвај и Бразил.

Според „Марка“, Меси нема да игра на натпреварите бидејќи му е констатирана повреда на мускул на бутот. Претходно беше најавено дека на овие два меча за Аргентина ќе го нема и Дибала од Рома, кој се повреди викендов.

Оваа сезона 37-годишниот Меси одигра 5 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 4 гола и даде 2 асистенции.

ПретходноМеморијалниот атлетски крос “Методи Веновски – Мето“ ќе се одржи во друг термин
СледноБарса и Осасуна ќе играат на 27 март