Ван Дајк: До пред две недели сè беше светло и розово…

116

По последниот пораз од Њукасл во финалето на Лига Купот на Англија, а претходно и елиминацијата од лигата на шампионите, капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк проговори за лошата серија на лидерот во Премиерлигата.

„Мораме да ја поправиме ситуацијата. Така функционира фудбалот – губиш двапати за пет дена и светот се распаѓа. Пред само две недели сè беше светло и розово. Не се снајдовме добро во Лигата на шампионите, испаднавме од ФА Купот и го загубивме ова финале. Ни претстојат девет натпревари и мислам дека не ни треба никаква мотивација да се обидеме да го завршиме шампионатот на прво место. Се бориме за главната награда, за која толку напорно работевме од самиот почеток на сезоната. Никој не очекуваше дека ќе се бориме за титулата во Премиер лигата. Ова е најтешкиот трофеј за освојување. Претстојат многу позитивни и добри моменти. За ова мора да работиме неуморно“, порача Холанѓанецот.

ПретходноДебито на Хамилтон во болидот на Ферари беше второто налошо во историјата!
СледноМарк Касадо два месеци надвор од терените