Дебито на Луис Хамилтон за Ферари беше речиси – ужас. Според историјата, ова беше второто најлошо деби на векот.
Луис Хамилтон дебитираше за Ферари на Големата награда на Австралија, каде имаше лоша трка и на крајот заврши дури на 10. позиција.
Резултатот беше вториот најлош дебитантски настап за возач на Ферари во 21 век. Единствениот возач кој имаше полоша деби трка за Ферари од Британецот беше Лука Бадоер во 2009 година кој мораше да го замени повредениот Фелипе Маса и на крајот заврши на 17. место.