Де ла Фуенте прави две принудни измени во составот на Шпанија

126

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, e принуден да направи две измени во својот тим за четвртфиналето на Лигата на нации против Холандија. Повиканите  играчи на Барселона, Иниго Мартинез и Марк Касадо ќе мора да откажат настап  се здобија со повреди. Иниго ќе отсуствува две до три недели, додека Касадо најмалку два месеци.

На местото на дефанзивецот е повикан Дин Хаузен од Борнмут, кој што веќе направи промена на спортскиот пасош и ќе настапува за Шпанија. Тој е поранешен репрезенаттивец на Холандија.

Селекторот го избра играчот од средниот ред на Баер Леверкузен Алеис Гарсија да го заземе местото на Касадо. Пабло Бариос од Атлетико Мадрид изненадувачки не е дел ниту од А ниту од У21 селекцијата на Шпанија.

 

 

ПретходноМладата репрезентација пристигна во Анталија за дуелите со Белорусија и Азербејџан
СледноХрватите пишуваат за разделба меѓу Динамо и Ристовски