Дибала ја повреди тетивата, паузира еден месец

36

Пауло Дибала нема да биде во можност да настапи околу еден месец поради повреда на тетивата.

Тоа значи дека и покрај репрезентативната пауза која што е веќе активна од денеска, ќе ги пропушти мечевите против Лече, Јувентус и римското дерби против Лацио.

Покрај Дибала, на Рома ќе и недостасува и десниот бек Девин Ренш, кој заработи повреда на адукторот. Времето за опоравување на холанѓанецот е околу три до четири недели.

Двајцата играчи се очекува да бидат подготвени за натпреварот против Верона на 19 април.

 

ПретходноХрватите пишуваат за разделба меѓу Динамо и Ристовски
СледноОбединети во тагата! Фудбалерите го одржаа првиот тренинг (ФОТО)