Дончиќ на чекор до трипл-дабл – Лејкерси рутински против Дурент и Букер (ВИДЕО)

166

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен во НБА лигата го совлада Феникс Санс со 107:96. Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ постигна 33 поени, 11 скока и осум асистенции.

Покрај Дончиќ, Лејкерси ги предводеа Остин Ривс со 28 поени, четири скока и шест асистенции и Џексон Хејс со 19 поени, шест скока и три асистенции. Кај Санс се истакна Кевин Дурент со 21 поен, девет скока и две асистенции, а го следеше Девин Букер со 19 поени, пет скока и 11 асистенции.

Дончиќ во првата четвртина стигна до двоцифрен учинок, постигнувајќи 13 поени, а неговиот тим дојде до двоцифрено водство (31:15). Лејкерси го одржуваа водството до самиот крај на мечот и не го испуштија.

На крајот рутинска победа за тимот од Лос Анџелес, кој сега е на петтото место на Западот со 40 победи и 25 порази, додека Санс се на 11. место со скор 31-36.

Лејкерси во преостанатиот дел од сезоната ќе бидат домаќини на Сан Антонио Спарс, додека Феникс Санс на домашен терен ќе играат со Торонто Репторс.

На останатите средби ЛА Клиперс беше убедливо совладан од Шарлот со 123-88, Минесота на домашен терен беше подобра од Јута со 128-102, Милвоки дома беше поразен од Оклахома со 121-105, Бруклин ја совлада Атланта со 122-114, додека Портланд беше минимално подобар од 105-102.

 

ПретходноФФМ ги одложи пријателските мечеви со Естонија!
СледноПо обвинувањата на Гостивар, се огласи ГФК Тиквеш: Ќе поднесеме тужба за клевета, беа сместени во хотел во Неготино!