Македонската ракометна репрезентација беше поразена на двата меча од Словенија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година. За разлика до Скопје, противникот во Копер дојде до убедлива победа, но вчера на никого во нашиот табор не му беше до ракомет после големата трагедија која се случи во нашата земја.
И селекторот на Словенија, Урош Зорман е свесен дека конечниот резултат и на вчерашната средба не е вистинска слика за силата на Македонија.
„Имавме многу проблеми пред оваа ЕФХ недела, но моите избраници одлично си ја завршија работата, за што искрено им честитам. Со исклучок на воведните десет минути од првиот меч во Скопје, сè останато беше во наша полза и ги надмина моите очекувања. Во двата меча се изгледаше многу лесно, но не беше така – Македонија е многу подобра репрезентација отколку што покажуваат конечните резултати“.
Македонија во мај ќе има шанса на последните два меча од овие квалификации да го завери своето место на ЕП 2026. Наједноставно сценарио ќе биде да се победат двата меча против Естонија на гости и Литванија на домашен терен.