Како изгледа патот на македонските ракометари за пласман на ЕП 2026!

724

Македонската ракометна репрезентација запиша два порази од Словенија во ЕХФ неделата посветена на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година. Кирил Лазаров вчера го одиграа најтешкиот меч во историјата на националните тимови, мораа да излезат на терен на денот кога на Македонија и се случи најголемата трагедија од своето постоење, во пожар во дискотека во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 150 се повредени.

Нашата репрезентација е трета во групата 1, има два бода, втора е Литванија (6 бода), додека Словенија е лидер со максимални 8 бода. Последна на табелата е Естонија без освоен бод.

Првите две репрезентации од секоја група сигурно ќе обезбедат пласман на континенталното натпреварување, додека место ќе има и за четирите најдобро третопласирани.

Последните две квалификациски средби се играат во мај. На 8. мај, Македонија и гостува на Естонија во Талин, додека три дена подоцна дома ја пречекува Литванија. Со победа на овие две средби и пораз на Литванија од Словенија, Македонија ќе заврши на второто место на табелата, ова е поедноставното сценарио.

Доколку се случи Македонија да не победи во Талин, а Словенија да не ја победи Литванија, тогаш нашите момци ги чека потешко сценарио. Во последниот меч од квалификациите ќе морат да слават што поубедлива победа за да се најдат во кругот на четири најдобро третпласирани репрезентации.

По вчерашните средби, Хрватска, Словенија, Исланд, Германија, Унгарија, Португалија и Фарски острови го обезбедија пласманот на Европското првенство 2026 година.

ПретходноДенвер во проблеми, повредата на Јокиќ е посериозна?
СледноМилевски означи старт на квалификациите за Мундијалот 2026