Уште еден спортски настап планиран за следниот викенд е одложен. Како што информираа од АK Работнички, планираниот традиционален Меморијален атлетски крос – “Методи Веновски – Мето“, кој требаше да се одржи на 22 март (сабота) се откажува заради прогласувањето на седум дневна жалост по големата трагедија која што се случи во Кочани.
Новиот датум на одржување ќе биде дополнително објавен, соопштија од клубот.