Меси со нова мајсторија стигна до ново големо остварување во кариерата (ВИДЕО)

325
Фото: Major League Soccer @MLS

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го постигна својот прв гол во новата сезона во МЛС. Фудбалерот на Интер Мајами го постигна првиот од двата гола на својот тим во победата од 2-1 на гости кај Атланта Јунајтед.

Во 20-тата минута ја украде топката, па на работ од шеснаесетникот го исфрли противничкиот дефанзивец, иако голманот А.Јунјатед излезе да го скрати корнерот, Меси го матираше и само ја протна топката во мрежата.

Тоа беше прв гол на Меси во четвртото коло во новото издание на МЛС шампионатот, а има и две асистенции. Со овој гол Меси ја продолжи својата неверојатна серија. Тој постигна гол во сите 22 професионални сезони во кои играше.

Тимот од Флорида е прв по четири кола со три победи и едно реми.

ПретходноПо обвинувањата на Гостивар, се огласи ГФК Тиквеш: Ќе поднесеме тужба за клевета, беа сместени во хотел во Неготино!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 24.КОЛО: Ристевски е главниот во Пелистер