Македонската репрезентација до 21. година денеска пристигна, а и веќе го одработи првиот тренинг во Анталија, каде што има пред себе два тест дуели. Против репрезентацијата на Белорусија на 21. односно против Азербејџан на 25 март.
Со нов селектор, нов стручен штаб и сосема нова генерација, Македонија влегува во овие дуели. Ќе се направи првиот филтер на репрезентативци и ќе се увиди кои од нив имаат капацитет за да го носат националниот дрес, а потоа во јуни што се вели ќе се случи „генералката“ за есенските квалификации.
Селекторот Горан Станиќ за прв пат има прилика под своја палка што се вели да ја раководи оваа генерација, а по двата претстојни дуели ќе има и појасна слика што и како понатаму.
ГОЛМАНИ:
Васко Василев – Гостивар
Љупче Џеков – Силекс
Славе Вргов – А.П. Брера
ОДБРАНА:
Давид Даилоски – Венло, Холандија
Даниел Марковски – Јеншепинг, Шведска
Андреј Аризанкоски – А.П. Брера
Анес Меличи – Шкендија
Марко Стојилевски – А.П. Брера
Ѓорге Џеков – Силекс
Бенан Хамидовиќ – Магдебург, Германија
Андреј Велков – А.П. Брера
Нуман Ајетовиќ – Шкупи
СРЕДЕН РЕД:
Матеј Ангелов – Работнички
Ѓорѓи Дошев – Македонија Ѓ.П.
Адриан Зенделовски – Олимпик, Шведска
Теодор Николовски – Работнички
Мартин Ѓоргиевски – А.П. Брера
Шабан Зенку – Струга Трим Љум
НАПАД:
Димитар Данев – Работнички
Димитар Трајков – Дуго Поље, Хрватска
Никола Величковски – Септември, Бугарија
Михаил Талевски – Вардар
Бесмир Даци – Шкупи
Кире Стојанов – Беласица
Никола Манојлов – Работнички