Ништо не е случајно: Џек Дрејпер го реши Руне за 70 минути и го освои Индијан Велс

70

Британскиот тенисер Џек Дрејпер победи на Мастерсот во Индијан Велс.
Моментално 14-то рангирани во светот го победи Холгер Руне, 13-ти на АТП листата со резултат 6:2, 6:2.

Дрејпер беше благ фаворит во финалето, но никој не очекуваше да го реши Данецот за само 70 минути игра. Британецот направи два брејка во двата сета, не дозволувајќи му на противникот ниту една шанса да му одземе сервис.

Тој покажа дека победата над Карлос Алкараз не била случајна, исто како и неговата неодамнешна форма.

Дрејпер играше во финалето во Доха, каде загуби од Андреј Рубљев, додека во Калифорнија победи угледни имиња. Во ред паднаа Фонсека, Бруксби, Фриц, Бен Шелтон и гореспоменатиот Алкараз.

Ова е трета титула во кариерата за Дрејпер, по оние во Штутгарт и Виена минатата сезона.

Титулата на првиот Мастерс во сезоната ќе му донесе и висок пласман во кариерата на седмото место на АТП листата од понеделник.

Следниот турнир ќе биде Мастерсот во Мајами кој е на програмата од 19 до 30 март.

ПретходноУште еден спортист го загуби животот: Дино Баскет се збогува со кошаркарот Петар Ивановски!
СледноФФМ ги одложи пријателските мечеви со Естонија!