По денешниот собир во скопје, македонската фудбалска репрезентација во мирна и тивка атмосфера вечерва го одржа и првиот тренинг од подготовките за претстојните два квалификациски меча со Лихтенштајн и Велс. Под водство на селекторот Милевски, нашите репрезентативци во Скопје ќе тренираат до четврток кога селекцијата заминува за Вадуц.