ОФМ ги одложи сите натпревари планирани за оваа недела, ќе се одиграат следната

45

Одбојкарската федерација на Македонија ги одложи натпреварите од редовните кола предвидени за престојниот викенд (22/23 март) во сите натпреварувачки категории, како и заостанатите натпревари коишто требаше да се одиграат во текот на оваа работна недела, во знак на сочувство и солидарност кон семејствата на загинатите и настраданите во трагедијата во Кочани.

Владата на вчерашната седница донесе одлука за седумдневна жалост на територијата на цела држава по страшната трагедија која се случи во Кочани.

Предвидените натпревари, согласно Календарот за натпреварување, како и заостанатите натпревари ќе се одиграат во средината на следната недела во договор со клубовите.

ПретходноОбединети во тагата! Фудбалерите го одржаа првиот тренинг (ФОТО)
СледноМеморијалниот атлетски крос “Методи Веновски – Мето“ ќе се одржи во друг термин