Последните минути во фудбалот на Андреј Лазаров: Се прекрсти и влезе во игра против Пелистер (ВИДЕО)

2569

Андреј Лазаров е само една од 59-те жртви на големата трагедија која се случи во Кочани и ја зави Македонија во црно. Животот на младиот фудбалер на Шкупи згасна, откако херојски одлучи да спаси што поголем број на деца во големиот пожар кој изби во дискотека во Кочани.

Последните минути на фудбалските терени ги одигра во саботата. Неговиот тим, Шкупи беше домаќин на Пелистер, а Лазаров влезе во 61-та минута. Пред да истрча на теренот, тој се прекрсти, незнајќи дека на овој начин ќе замине меѓу ангелите.
Пред Лазаров беше блескава кариера, неговиот ведар лик никогаш нема да биде заборавен.

ПретходноБарса со пресврт победа против Атлетико
СледноУште еден спортист го загуби животот: Дино Баскет се збогува со кошаркарот Петар Ивановски!