Најдобрата македонска фудбалска судијка, Ива Пројковска ќе ја има таа чест да го арбитрира претстојниот дуел од женската Лига на Шампиони помеѓу екипите на Волфсбург и Барселона. Истиот се игра во рамките од 1/4 финалето, а ова е првиот од двата дуели.
Нејзе ќе и помагаат Сташа Шпур од Словенија односно Хеини Хивонен од Финска. Ова е уште една потврда за квалитетот и на Пројковска, но и на македонските арбитри воопшто во рамките на УЕФА. Ова не е прв дуел кој што Пројковска го суди во рамките од Лигата на Шампионите но таа во континуитет е делегирана, што само зборува за одличниот статус што го има на меѓународна сцена.