ТИМ И ИГРАЧ НА 24.КОЛО: Ристевски е главниот во Пелистер

229

Не само што командуваше со одбраната на својот тим на тешкото гостување на Чаир, туку го постигна и победничкиот гол за Пелистер за победа од 1:0 над Шкупи и тоа кога гостите имаа играч помалку на терен. Ова се екстра големи три бода за битолчани со кои веројатно опстанокот е обезбеден. А за тоа најзаслужен е Александар Ристевски, стоперот на Пелистер кој во последно време игра во одлична форма.

Токму поради тоа според „СпортСпорт“, Александар Ристевски е играчот на 24.коло во ПМФЛ.

Покрај него во идеалниот тим на колото се и Џеков и М. Ѓорѓиевски (Силекс), Вареловски и Садик (Тиквеш), Матиќ и Маневски (Вардар), Незири и Селмани (Беса), Р. Рамадани (Шкендија), Осеи (Воска).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АЛЕКСАНДАР РИСТЕВСКИ

Тим: Пелистер

Роден: 11.05.1992 во Прилеп

Кариера: Металург, Скопје, Царев Двор, Победа, Пелистер, Влазнија, Струга ТЛ, Работнички, Приштина, Брегалница, Брера, Пелистер

ПретходноМеси со нова мајсторија стигна до ново големо остварување во кариерата (ВИДЕО)
СледноСимеоне призна дека Барселона веќе е фаворит за титулата