Пелистер вчера, во меч од 24.коло, на Чаир успеа со 0:1 да го победи Шкупи. Секако дека ова се големи три бода за битолчани кои и на овој меч одиграа сосема квалитетно и постигнаа победнички гол преку Александар Ристевски во моментите кога имаа играч помалку.
И кога е така, тогаш јасно е дека своја улога има, односно заслужен за оваа победа е и тренерот Срѓан Захариевски.
Се приметува дека со неговото преземање на екипата, Пелистер ја доби таа потребна цврстина, желба за надигрување, знае што сака и знае како да дојде до тоа што го сака.
Според “СпортСпорт“ за тренер на 24.коло е токму Срѓан Захариевски.