ФФМ ги одложи пријателските мечеви со Естонија!

319

Владата на Република Македонија на вчерашната седница прогласи седум дена жалост по големата трагедија која се случи во дискотека во Кочани каде над 59 лица го загубија животот во голем пожар.

Сите домашни спортски активности се одложени, а од Фудбалската федерација на Македонија денеска известија дека медиумските активности на македонската репрезентација ќе бидат сведени на минимум, поточно ќе се вршат неопходните обврски. ФФМ информира дека се одложени и пријателските мечеви на Македонија У16 со Естонија во Скопје.

„Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, односно само на неопходните обврски.

Исто така, одложени се пријателските натпревари на Македонија до 16 години кои требаше да се одиграат со Естонија во Скопје.

Ви благодариме за вашето разбирање во овие тешки моменти“, велат од ФФМ. 

ПретходноНишто не е случајно: Џек Дрејпер го реши Руне за 70 минути и го освои Индијан Велс
СледноДончиќ на чекор до трипл-дабл – Лејкерси рутински против Дурент и Букер (ВИДЕО)