Хрватите пишуваат за разделба меѓу Динамо и Ристовски

657

Како се наближува крајот на сезоната, така вестите околу Стефан Ристовски еден од капитените на Динамо Загреб се повеќе ќе бидат присутни. Денеска, дел од хрватските медиуми велат дека Динамо Загреб му понудил на нашиот искусен интернационалец нов договор бидејќи актуелниот е со траење до лето.

Сепак, новата обврска на Ристовски би била едногодишна со далеку помали примања, па десниот бек тоа наводно глатко го одбил. Со назнака дека времето на Ристовски, со оглед на неговите години полека изминува јавноста ја форсира оваа приказна, со нагласок дека на пример на негово место во стартните единаесет би требало да влета Ноа Микиќ кој што би бил новиот проект играч на „Модрите“.

Ниту Динамо, а уште помалку Ристовски ова би го потврдил, но јасно станува дека наскоро сето ова ќе има конкретна завршница. Со останување на Ристовски на Максимир уште извесен период или пак со негово заминување на нова дестинација.

https://germanijak.hr/nogomet/vijesti/germanijak-doznaje-ristovski-odbio-ponudu-za-novi-ugovor/143028

ПретходноДе ла Фуенте прави две принудни измени во составот на Шпанија
СледноДибала ја повреди тетивата, паузира еден месец