Некогашниот европски и светски фудбалски шампион Црвена Звезда од Белград на 16 април во Скопје ќе одигра пријателски меч со македонскиот фудбалски гигант Вардар. Мечот ќе биде од хуманитарен карактер и средствата собрани ќе бидат донирани за семејствата на настраданите од ужасната трагедија која се случи вчера во Кочани.
Денеска во канцелариите на ФК Вардар стигна и официјална потврда дека белградските „црвено-бели“ го потврдуваат терминот 16 април како термин за одигрување на овој хуманитарен меч, откако денеска легендата на Вардар и на белградскиот состав Илија Најдовски, имал интензивни разговори на релација Белград-Скопје.
Денеска и селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ-Пикси во изјава за белградските медиуми најави дека е можно одиграување на хуманитарен натпревар меѓу Србија и Македонија за настраданите од трагедијата која и се случи на нашата земја.