Букајо Сака не оди никаде, ќе добие нов договор од Арсенал

115

Еден од главните играчи на тимот на Арсенал, Букајо Сака ќе добие нов мултимилионски повеќегодишен договор од неговиот клуб. Во моментов повредениот напаѓач кој што нема одиграно меч од декември има договор кој што е важечки до 026 година, но тоа нема да биде актуелно уште долго.

Менаџментот на клубот веќе е на релација со неговиот тим на претставници и наскоро Сака ќе потпише нова соработка. Тој веќе има девет гола и 13 асистенции сезонава, а доколку не се повредеше бројките ќе беа сигурно 50% подобри во моментов.

Тој се враќа на терените на почетокот на април.

ПретходноТерзиќ: Ова е најмалку што може да направиме за Македонија
СледноГНК Горица отвори книга на жалост за починатиот Андреј Лазаров