Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Кандрева, кој е без тим по разделбата со Салернитана на крајот од минатата сезона, и официјално стави крај на својата фудбалска кариера.
Кариерата на Кандрева започна во 2005 година кога играше за Ливорно (2008-2010), Лацио (2012-2016) и Интер (2016-2020). Тој одигра и 54 натпревари за италијанската репрезентација, со која учествуваше на Светското првенство 2014 и ЕП 2016.
Целата кариера ја мина во Италија, како втор играч со најмногу настапи – 502. Пред него беше само Андреа Консили од Сасуоло со 520.