Земи или остави, а на масата се 120 милиони евра! Се чини тоа е понудата на Арсенал до Њукасл и до Александер Исак. Јасно е им е на сите на “Емирејтс“ дека без класа напаѓач и оваа сезона нема да дојдат до титулата, но и дека мора нешто да направат за следната сезона да влезат како најголеми фаворити.
Микел Артета има повеќе опции, но сепак неговата желба и желбата на раководството на клубот е само Александер Исак, Швеѓанецот кој блеска во нападот на Њукасл.
Па так Арсенал испратил понуда вредна 120 милиони евра до клубот од “Сент Џејмс Парк“, со цел во претстојниот преоден рок би се реализирал овој спектакуларен трансфер.
Секако дека нема да биде лесно да се дојде до Исак ако се знае дека нема гигант во Европа кој не сака да го види Швеѓанецот во своите редови.