Бах, кој во четврток заминува од ИОК, најави враќање на боксот на ЛОИ 2028

53

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во заминување, Германецот Томас Бах му препорача на Генералното собрание на ИОК да го вклучи боксот во програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Во Грција денеска започна Генералното собрание на ИОК кое во четврток ќе го избере и нвиот прв човек на олимпиското движење.

„На состанокот на Извршниот одбор на ИОК донесовме една правилна одлука, а тоа беше да го вклучиме боксот во програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес. Одлуката мора да биде усвоена на седницата на собранието“, посочи Бах.

Бах изрази „увереност“ дека ќе биде донесена одлука за враќање на боксот на ЛОИ.

ПретходноЛина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Марибор
СледноДарвин Нуњез ќе биде замената за Гризман во Атлетико (М)?