ГНК Горица отвори книга на жалост за починатиот Андреј Лазаров

197

Тешки, страотни моменти минува Македонија по огромната трагедија која што се случи во Кочани. Се бројат жртви, се носат повредени ширум светот. Жали Македонија за своите чеда, жалат и останатите заедно со нас.

Хрватскиот прволигаш, ГНК Горица денеска отвори книга на жалост во чест на загинатиот фудбалер Андреј Лазаров, кој што во одреден дел од кариерата беше нивен член.

Лазаров херојски почина обидувајќи се да спаси што повеќе млади луѓе од запалената дискотека во Кочани.

ПретходноБукајо Сака не оди никаде, ќе добие нов договор од Арсенал
СледноКасадо два месеци во „аут“