Дарвин Нуњез ќе биде замената за Гризман во Атлетико (М)?

157

Дарвин Нуњез е на добар пат следната сезона да се пресели во Шпанија. Според пишувањата на англиските медиуми, за уругвајскиот напаѓач сериозен интерес има кај Атлетико (М), кој го ставил неговото име како прва опција за замена на Антоан Гризман.

Гризман најверојатно ќе се пресели во Лос Анџелес, каде и ќе ја заврши наскоро својата фудбалска кариера. Шпанците ја разгледуваат можноста да го купат играчот на Ливерпул, но останува да се види конкретната цена која би ожеле да ја договорат. Ако таа е превисока за „јорганџиите“, тогаш тие ќе одат на опција позајмица, со клаузула за откуп вредна од 35 до 40 милиони евра.

Во јануари Ал-Наср беше подготвен да плати двојно повеќе за Уругваецот, но ниту „црвените“, ниту самиот фудбалер не беа заинтересирани за трансфер во теков на сезоната.

ПретходноБах, кој во четврток заминува од ИОК, најави враќање на боксот на ЛОИ 2028
СледноЈамал: Барса е најголем фаворит за освојување на ЛШ