ДиВинченцо ќе игра за Италија?

26

Италијанската кошаркарска федерација уште еднаш потврди дека е блиску до натурализирање на кошаркарот на Минесота, Донте ДиВинченцо.

Претседателот на федерацијата Џани Петручи во интервју за „Ла Република“ изјави дека кошаркарот на Минесота сака да игра за Италија на идните меѓународни натпреварувања и дека по завршувањето на сезоната во НБА ќе отпатува на Апенините за да го финализира процесот за добивање пасош.

Ваквата ситуација предизвика сомнеж кај италијанската јавност и споредби со примерот на Паоло Банкеро, кошаркарот на Орландо, кој откако вети дека ќе игра за „Аѕурите“, на крајот го избра дресот на САД.

ПретходноЈамал: Барса е најголем фаворит за освојување на ЛШ
СледноТи Џеј Шортс го одведе Париз до нова победа во Евролигата