Димитријевиќ ќе го напушти Милано на крајот од сезоната!?

255

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ според реноминарниот и добро информиран новинар Андреа Калцони на крајот од сезоната ќе си замине од Милано и ќе има нов клуб.

Тој во својата информација споделува инфо дека клубот најверојатно ќе се откаже од Димитријевиќ односно ќе потпише спогодбен раскин на актуелниот договор, секако откако обете страни ќе се договорат за условите за тоа, а потоа ќе се обиде да го доведе на негово место Квин Елис.

Димитријевиќ иако беше доведен како големо засилување, сепак, неговата минутажа во Милано и не е така голема, и не се вклопи најдобро во ротацијата на тренерот Еторе Месина.

 

ПретходноАрсенал испратил понуда вредна 120 милиони евра за напаѓачот кој го сака цела Европа!
СледноАнтоан Гризман навистина е малер!