КФСМ: Прволигашкото коло од овој, префрлено за следниот викенд

68

Кошаркарската федерација на Македонија поради деновите на жалост по големата трагедија во Кочани, одлучи мечевите од 21 коло кај мажите што требаше да се одиграат во викендот пред нас да ги префрли за наредниот на 29/30 март.

Од понеделник до наредната среда ќе бидат одиграни само средбите меѓу Работнички и Куманово и Вардар и Тиквеш. Тие беа одложени токму во денот кога се случи катастрофалниот пожар во кој животот го загубија 59 лица, а повеќе од 150 беа повредени.

Промени во распоредот за натпревари ќе бидат направени и во сите други конкуренции под капата на КФМ.

ПретходноПоследното коло во Суперлигата ќе се одигра на 25 и 26 март
СледноЃоковиќ и Здружението на тенисери со тужба на 163 страници против тениските „господари“